еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЈСП „Скопје“ го раскина договорот со „Макекспрес“, линиите ќе ги опслужува со сопствени автобуси

ЈСП „Скопје“ денеска го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со сопствени автобуси со што транспортот на патници ќе продолжи непречено, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие.

– Причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „Макекспрес“ е непочитување на обврските од договорот во кои се уредуваат условите за начинот на јавен превоз.

Со жалење мораме да констатираме дека „Макекспрес“ до моментот на раскинување на договорот не успеа да обезбеди модернизирани автобуси со соодветни еколошки стандарди, основно ниво на хигиена во автобусите и редовност без доцнење на автобуските постојки, соопшти ЈСП Скопје.

Сите овие поплаки, како што се вели во соопштението, се истакнати од граѓаните, со што во целост се нарушува и имиџот на јавниот превоз во главниот град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косовската претседателка Османи-Садриу денеска во посета на Македонија

Редакција

Најчевска ја подбра американската амбасадорка за договорот со “Бехтел“: Ги прекрши сите правила на дипломатско однесување

Редакција

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува за половина денар

Редакција