еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Никој од тројцата новопочинати од корона вирусот немал контакт со потврден случај

Министерство за здравство вчера информираше дека од корона вирусот, починаа уште тројца пациенти.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.

Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53 години) и истиот е позитивен на Ковид-19“, информираа од Министерството.

Детали за новопочинатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Сите се со присутни симптоми. Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале.

Два од случаите имале пропратни коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), а ниту еден немал контакт со потврден случај.

Починатите се без историја на патување“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува..

Вкупната бројка на починати поради компликации од корона вирусот во Македонија е 122.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе мажи, најмногу на возраст од 40-49 години, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Уште само 21 здравствен работник во Македонија заболен од корона вирусот

Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот

Фото: Факултет за ветеринарна медицина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стејт Департмент: Американците да размислат пред да патуваат во Северна Македонија

Редакција

Без осуда од ЕУ за бугарските клубови со контроверзни имиња, евроамбасадорот Гир не сака да толкува историја

Редакција

Која е Катерина Георгиевска која е избрана за судијка во Врховниот суд

Редакција