еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Катерина Георгиевска која е избрана за судијка во Врховниот суд

Судскиот совет ја избра Катерина Георгиевска за судијка во Врховниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд 

Какво образование има

Според нејзината официјална биографија дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во 1986 година.

Правосуден испит положила во 1988 година.

Работно искуство

Од 1987 до 1988 година работела како волонтер во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје на сите материи.

Од 1988  до 1996 година работела како стручен соработник во тогашниот Окружен суд Скопје на граѓанска материја.

Од 1996 до 2000 година работела како стручен соработник во Врховниот суд на граѓанска материја.

Од 2000 година до 2004 година работела како самостоен судски советник во Врховниот суд на граѓанска материја.

Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I Скопје во март 2004 година, каде постапувала во Одделот за граѓански спорови, а со реформите во април 2007 година била распределена на работа во Основен суд Скопје II Скопје во Одделот за имотно правни спорови.

Во јуни 2013 година е избрана за судија на Апелационен суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот Оддел и е претседател на граѓанскиот Оддел.

На јавноста и е позната по судењето за предметот во кој за клевета тужеше поранешниот премиер Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Катерина Георгиевска, која е избрана за судијка во Врховен суд

Каков имот пријавила Анита Бошковска, која е избрана за судијка во Врховниот суд

Која е Анита Бошковска која е избрана за судијка во Врховниот суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Убава вест: Лоцирана нова рисица, Луна

Редакција

(Фото) Како почна ски-сезоната на Попова Шапка: Со скиите на рамо по планината пешки, “пошто“ ски-лифтот тргни-застани-застани

Редакција

Средношколецот од Скопје кој беше пронајден мртов починал по пад од висина

Редакција