еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Анита Бошковска која е избрана за судијка во Врховниот суд

Судскиот совет ја избра Анита Бошковска за судијка во Врховниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд 

Какво образование има

Според нејзината официјална биографија дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1987 година.

Правосуден испит положила во 1989 година.

Работно искуство

Во 1988 година се вработила како приправник во тогашниот Општински суд Скопје 1 Скопје, каде подоцна работела како стручен соработник во Одделението за малолетници, истражното Одделение, вонпарничното и парничното Одделение.

Во периодот од 1995 до 1996 година работела како стручен соработник во Врховниот суд во управен Оддел.

Во јуни 1996 година за прв пат била избрана за судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје, каде постапувала по предмети од граѓанска материја.

Од 2007 до 2009 година била судија во граѓанскиот оддел на Основен суд Скопје 2 Скопје.

Во јуни.2009 година е избрана за судија во Апелациониот суд, каде постапува по граѓански предмети и е претседател на Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Катерина Георгиевска, која е избрана за судијка во Врховен суд

Каков имот пријавила Анита Бошковска, која е избрана за судијка во Врховниот суд

Која е Катерина Георгиевска која е избрана за судијка во Врховниот суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемен бројот на смртни случаеви од Ковид-19 во Македонија: За една недела починале 27 пациенти

Редакција

Да му помогнеме на Томче да застане на нозе

Редакција

Нови 273 случаи на Ковид-19 од 2.799 тестови, 45 се реинфекциии

Редакција