еМагазин
Image default
Македонија

Стејт Департмент: Американците да размислат пред да патуваат во Северна Македонија

Американскиот Стејт департмент синоќа го укина четвртиот степен на препорака за патување во странство за најголем број земји, кое е највисоко предупредување до американските државјани да се воздржат од секакви патувања надвор од САД.

Исто како и голем дел од земјите во светот, Северна Македонија е ставена во третиот степен препорака, кој што советува „размислете дали да патувате“.

Како што е наведено на веб-сајтот за конзуларни работи на американскиот Стејт депаратмент, нашата земја ги укинала наредбите да се остане дома и делумно го обновила транспортот и бизнис активностите.

Од надворешно-политичкиот орган на САД советуваат да се следат предупредувањата на државните Центри за контрола на заболувањата и профилактика (ЦДЦ), кои, сепак, имаат издадено „трет здравствен степен за патување“ или највисоко предупредување за воздржаност да се патува во Северна Македонија, освен за итни случаи.

Од ЦДЦ наведуваат дека ризикот од Ковид-19 во земјата се уште е голем.

Засега, само две земји, Тајван и Макао, се наоѓаат во првиот степен со препорака „да се патува со вообичаена претпазливост“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ги разреши државните правобранители за Струга и Скопје

Редакција

Поради мерките за превенција од корона вирусот: Премините „Прохор Пчински“ и „Рибарци“ затворени за патници и возила

Редакција

„Титаник 3“ по третпат почнува со слушање на „бомбите“ како материјални докази

Редакција