Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека е извршена контрола во СВР Тетово со цел да утврди дали се точни информациите со кои располагале дека полициски службеници се корисници на опојни дроги.
– Имаме информации од три извори за користење на опојни дроги и врз основа на сознанијата што сме ги добиле, е направено контролирање на полициските службеници на Институтот за судска медицина со цел да се утврди дали има присуство на опојни дроги и доколку е така, да се преземат одредени мерки.
Ако сакаме да имаме сериозна доверба во полицијата, не е дозволиво да имаме полициски службеници кои се корисници на опојни дроги и кои соработуваат со криминалците кои продават дрога, рече Спасовски од собраниската говорница.
Негираше дека имало театрално носење на полициските службеници на Институтот за судска медицина и најави дека ваквите контроли ќе продолжат и во иднина.
Нагласи дека 2018 била најдобра година во изминатите 10 години во справувањето со трговијата со дрога.
МИА/Фото: МВР