еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спасовски: Заканата во следните две недели е страшна и радикална, пикот од 2.000 до 2.500 заболени

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција рече дека не чека нова радикална фаза во борба против корона вирусот, од што ќе зависи стабилноста на здравствениот систем, здравјето на здравствените работници и на економијата.

„За следните две до три недели не чека пикот на бројот на заразените кој најверојатно ќе биде од 2.000 до 2.500. Заканата е страшна и радикална, оттука и однесувањето е радикално,“ рече Спасовски, информирајќи за новата одлука на Владата за доплнителни ограничувања на движењето на граѓаните.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

„За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено,“ рече Спасовски.

Тој рече дека има разработени сценарија и има уште мерки кои Владата ги има подготвено.

„Колку сме поодоговорни, толку мерките ќе се полесни и пократко би траело ширење на вирусот, а помали ќе бидат и ефектите врз економијата,“ додаде Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 22: Нови 3 лица починаа од коронавирусот

Вкупно 570: Нови 15 лица заболени со коронавирусот во Македонија

Инфектологот Микиќ: Смртноста од корона вирусот е под 4%, но мора следниот период да го заштитиме системот

Мерките почнуваат од среда: Забрана за движење од 16 часот до 5 наутро, за викенди 48 часа дома

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ предлага по 14.500 денари за април и мај за сите вработени во фирми погодени од кризата

Редакција

Ѕвездата од понеделник се враќа во Македонија

Редакција

Нема потписи на ЛДП на списокот за ново парламентарно мнозинство, вели лидерот Милевски

Редакција