еМагазин
Image default
Македонија

Специјализантите кои започнаа специјализација од септември 2021 година, ќе добијат пари во јануари

Министерството за здравство (МЗ) ги информира приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година, дека месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година.

МЗ информира дека на специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година.

„За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар.

Претходно приватните специјализанти, за време на специјализацијата работеа без пари. Освен месечен надомест, од 2021 година, на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Јас сум бил на манифестација на бугарски здруженија, колку пати бугарските политичари биле на манифестации на помалкубројни заедници во Бугарија

Редакција

Мажите во земјава се побројни за 3.000 од жените

Редакција

Димитров: Францускиот предлог ја билатерализира преговарачката рамка и не нè носи кон членство во ЕУ

Редакција