еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Според ВМРО-ДПМНЕ локалните избори поминале со нерегуларности, но имало позитивна енергија кај гласачите

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ на првата прес-конференција по завршување на гласањето локалните избори поминале со нерегуларности, нарушување на изборниот процес и коруптивно делување на власта. Од ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на добри резултати и очекуваат поголема излезност во вториот круг.

–  На власт во државата имаме гарнитура која е потопена во криминал и корупција и соодветно на тоа имавме избори каде забележавме нерегуларности, нарушување на изборниот процес и коруптивно делување на власта.

Така, во текот на вчерашниот и завчерашниот ден забележавме кршење на изборниот молк, заплашувања, притисоци и уцени од страна на носители на јавни функции, поединци минитри, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели, изјави Миле Лефков на прес-конференцијата.

Посочи дека имаат сомневања за поткуп во Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Демир Капија, Неготино, Охрид и делови од Скопје, за брутален физички инциднет на напад врз новинар и медумски работници во Прилеп, за бугарски воз и за полнење на кутии во Сарај.

За ова, како што информира Лефков, поднесени се приговори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада без ДУИ, уставните измени да бидат ефективни кога Македонија ќе стане членка на ЕУ: Мицкоски го повтори условот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Советот за безбедност денеска ќе одлучува за вонредната состојба

Редакција

Кривичен суд: „Таргет-Тврдина” беше приоритетен предмет пред случајот „Шпански скали”

Редакција