еМагазин
Image default
Бизнис

Спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги во објектите по 18 часот

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) информира дека откако Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе новите мерки за заштита од Ковид-19 со кои, меѓу другото, се скрати работното време на угостителските објекти до 18 часот, согласно истите, ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 18 часот.

„Во спортските обложувалници на нашите членки, почнувајќи од денес, 18 декември, по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалаци.

Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме,“ истакнуваат од АСОМ и додаваат дека спортските обложувалници доследно се придржуваат до протоколите за работа и сите мерки кои досега ги донесе Владата во насока на превенција и заштита на здравјето на граѓаните.

Дополнително, АСОМ информира дека сите објекти на спортските обложувалници кои се членки на асоцијацијата, на 31 декември ќе работат до 19 часот.

„Како и досега, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија апелира на одговорност и максимално почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувалници,“ се додава во соопштението.

АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет.

Фото: Фејсбук/Спортлајф

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Игор Давчевски именуван за нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка

Редакција

Душан Пецовски нов претседател на Управниот одбор на Реплек

Редакција

„Брако“ инвестира 8 милиони евра во нов погон и ја претстави револуционерната еколошка иновација на Green Machines

Редакција