еМагазин
Image default
Локално

Спречена катастрофа: Голем пожар во Липково, во 20 летови исфрлени 50 тони вода

Голем пожар го зафати вчера Липково во подрачјето на селата Слупчане, Белановце и Алашевце. Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интервенираше со воздухопловна поддршка. Со 20 летови беа исфрлени 50 тони вода со што, како што соопшти, е спречена катастрофа од поголеми размери.

„Досега повеќепати апелиравме до населението во државава да биде совесно и да избегнува намерно или случајно палење оган, бидејќи не само што е прерано за волку пожари во овој период од годината, туку не е во ред да се уништува животната средина и да се става во ризик животот на населението за лична цел и бенефит на поединци“, наведува ДЗС.

Дирекцијата апелира и до сите релевантни копнени служби повеќе да се заложат во гаснење на пожарите, бидејќи тие се примарна сила за справување со нив, а воздухопловите се за поддршка, не како основно средство за гаснење на пожари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарникарите цела ноќ се бореле со огнот кој го зафати кафулето „Фонтана“

Редакција

Приведен охриѓанец кој сакал да силува девојче

Редакција

(ФОТО) Дали е возможно: Уништен видиковецот на врвот на Водно

Редакција