еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија и Косово не се договорија, Борел за неуспехот го обвини косовскиот премиер

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека не е подготвен да прифати компромисен предлог како да се пристапи кон спроведувањето на договорот за нормализација на односите со Србија.

По новата рунда дијалог за нормализација на односите на највисоко политичко ниво, Борел рече дека на српскиот претседател Александар Вучиќ и на косовскиот премиер Албин Курти им доставил компромисен предлог за имплементација на договорот на патот кон нормализација на односите и анексот за негово спроведување од февруари и март годинава.

Борел рече дека косовската страна сака прво да започне со политичките аспекти на нормализацијата, што значи официјализирање на де факто признавањето како прв чекор. Од друга страна, Србија инсистираше прво да се започне со формирање на заедница на општини со српско мнозинство, што е обврска што двете партии ја потпишаа во 2013 година.

„Затоа го предложивме она што денес го гледаме како единствен компромис, да започне процедура во која тие два процеса би се одвивале паралелно.

За жал, премиерот Курти не беше подготвен да продолжи напред и да започне кредибилен процес на формирање Заедница на општини со српско мнозинство, а претседателот Вучиќ го прифати предлогот на ЕУ за спроведување на договорот за нормализација на односите“, рече Борел.

Шефот на европската дипломатија рече дека компромисниот предлог на ЕУ е поддржан од пошироката меѓународна заедница, вклучително и САД.

-За жал, денеска не беше можно да се премостат разликите, нагласи Борел.

Тој додаде дека сега ќе поднесе извештај до 27-те земји-членки на ЕУ за недостигот на напредок во намалувањето на тензиите на северот на Косово.

Зборувајќи за повторување на изборите во четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово, Борел рече дека најбрз начин ќе биде четворицата албански градоначалници, кои беа избрани на изборите што беа бојкотирани од Србите, да поднесат оставки.

Друга можност е 20 отсто од гласачите да се потпишат на барањето за импичмент на градоначалникот, но тоа е долг и неизвесен пат. На крајот, Борел заклучи дека косовските Срби мора да бидат конструктивни и безусловно да учествуваат во изборниот процес.

МИА/Фото: Твитер/Борел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавина од шпекулации: Пребега ли бегалецот Груевски од Унгарија во Русија, Турција или Азербејџан?

Редакција

ЈСП на Водици ќе вози по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии

Редакција

На 16 ноември Телеком Србија отвара филијала во Македонија: Во март или април ќе нуди услуги во мобилната телефонија

Редакција