еМагазин
Image default
Балкан

Србија со пари од ЕУ ќе гради брза железница кон Македонија и Турција

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево и официјално ја најави изградбата на пругата со висока брзина која треба да го поврзе Белград со Македонија, но и со Турција, јави дописничката на МИА од Брисел.

На овој проект кусо алудираше утринава претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во твит.

Попладнево претседателот Вучиќ понуди повеќе детали за железничката линија.

„Многу сум благодарен на претседателката Фон дер Лајен, се плашев до сега да зборувам за ова, но сега имаме поддршка: ќе градиме пруга со висока брзина што ќе ги поврзе Белград со Ниш, и потоа Лесковац, Табановце до Македонија, ова ќе ги смени целосно работите, ќе создаде можности за луѓето и подобар превоз, изјави Вучиќ, објаснувајќи дека проектот ќе ја подобри поврзаноста на регионот од Виена па се до Истанбул, Атина и Софија.

Српскиот претседател рече дека „не може да ја сокрие“ својата радост што го соопштува овој нов проект кој, според него ќе ги зголеми странските директни инвестиции во регионот за наредните десет години.

За изградбата на оваа пруга Вучиќ рече дека ќе може да смета на грантови од ЕУ во износ што ќе може да достигне 35 отсто најмалку, бидејќи проектот ќе се вклопи во Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан.

МИА/Фото: Photo by KS KYUNG on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчка влада: Во соседната земја беше направен историски чекор

Редакција

(Фото) Топлото време ја продолжи летната сезона во Грција, температурата на водата 25 степени

Редакција

(Видео) Хит на социјалните мрежи: Турчинка го удри сопругот пред камера оти ќе гласа за Ердоган

Редакција