еМагазин
Image default
Македонија

Средба на Ахмети со Бучковски, лидерот на ДУИ убеден дека со Бугарија е можно брзо решение без последици врз јазикот, идентитетот и културата

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска оствари со поранешниот премиер Владо Бучковски, кој сега е избран од Владата на Северна Македонија, за контекстот со соседна Бугарија, соопшти ДУИ.

– Ахмети и Бучковски, дискутира за имплементација на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, актуелните ставови меѓу странките и најдобрите начини за да се надмине создадениот спор.

Ахмети даде целосна поддршка за интензивен дијалог и изрази убедување дека решението може брзо да се постигне и тоа без никакви последици врз јазикот, идентитетот и културата, кои не се дел од контекстот и дијалогот, информираат од ДУИ.

Од таму уште додаваат дека европскиот дух на постигнување договор треба да преовладува и во неговото прецизно спроведување без одлагање и како дел од рамката за преговори во областа на меѓусоседските односи, но и уставните одредби за територијална и друга незакана за нашите соседи.

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управниот суд поништи гласање и на избирачко место во Шуто Оризари

Редакција

Јанева сведочеше за „Рекет“: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено

Редакција

Санкционирани 630 лица за неносење маски

Редакција