еМагазин
Image default
Македонија

Средба на Иванов со генералниот сектетар на ОН, Гутереш: Македонскиот народ сам да ја донесе одлуката на референдумот

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации, во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш.

На средбата, како што информираат од кабинетот на Иванов, било разговарано за активностите на Република Македонија во рамките на Обединетите Нации.

Претседателот Иванов ја реафирмирал силната посветеност на Република Македонија за зајакнување на улогата на Обединетите Нации во справувањето со глобалните предизвици.

Глобалните предизвици бараат глобален, координиран и унифициран одговор, за што ни требаат силна и ефективна Организација на Обединетите Нации, потенцирал претседателот Иванов на средбата, се вели во соопштението.

На средбата биле разменети мислења за актуелната внатреполитичка состојба на Република Македонија. Во однос на Договорот од Преспа, претседателот Иванов го повторил својот став дека ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, во однос на претстојниот референдум рекол дека македонскиот народ треба сам да ја донесе одлуката и дека таа одлука ќе ја почитуваат.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 493 случаи на Ковид-19 од 2.911 тестирања, бројката на активни е 8.391

Редакција

Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

Редакција

За САД референдумот е успешен: Политичките лидери да се издигнат над партиските политики

Редакција