еМагазин
Image default
Македонија

Средба Заев-Хоти: Засега нема ПЦР тестови за влез на македонските граѓани на Косово

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, денеска во Скопје оствари официјална средба со премиерот Зоран Заев.

Хоти не прецизираше дали ќе се воведат ПЦР тестови за македонските граѓани по зголемувањето на бројот на заболени од Ковид-19.

На новинарско прашање по заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Хоти порача мерките што се преземаат, да не се гледаат како ограничувачки, туку како мерки за спречување на вирусот.

„Министрите за здравство на двете држави работат заеднички. Косово сега е во подобра состојба отколку претходно, додека овде во Скопје почна да расте бројот на заболени. Мерките што ги преземаме, треба да се подразберат како мерки за спречување на вирусот, а не како ограничувачки мерки“, рече Хоти.

Премиерот Зоран Заев очекува дека на почетокот или во првото тримесечје од следната година ќе започне реализацијата на автопатското решение кон Косово.

„За првата делница од два километри е завршен тендерот, победи „Гранит“. Втората делница е во фаза на завршување на експропријацијата, треба да решиме со Генераштабот на Армијата за поранешниот полигон кој се наоѓа на таа делница. Во мометот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин, односно како да бидат покриени од ИПА компонентата“, информира Заев.

Ако сите овие работи завршат до крајот на годината, премиерот верува дека за две ипол години може да биде готов автопатот, иако според проективните документации на Европската банка предвидено е градежните активности да траат три до четири години.

Покрај ова автопатско решение, во фокусот на првата заедничка седница меѓу Северна Македонија и Косово која се очекува да се одржи наскоро, ќе биде и потпишувањето на договор меѓу двете држави за интерконекторот со природен гас, како и реализацијата на „One stop shop”.

„Дадени се насоки за изработка на проектна документација и потпишување на договор меѓу двете држави за интерконекторот со природен гас кој треба да ги Скопје и Приштина. Втората работа на која ќе се посветиме е „One stop shop” меѓу нашата држава и Косово и третата работа е завршување на проектната документација за поврзување на Тетово- Призрен“, рече Заев.

Најави дека може да се разработат и планови за развој на туризмот на Попова Шапка како заедничка понуда на двете држави.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанкулоска сведочеше за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, беа информациите што стигнаа до мене

Редакција

Истрагата за автобуската несреќа во Бугарија покажува дека возачот се движел со несоодветна брзина

Редакција

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори, заедно со претседателските

Редакција