еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средни училишта наплаќале за свидетелества, од МОН велат дека тоа е спротивно на Уставот и законите

Сојузот на средношколци соопшти дека во изминатите неколку дена се повторува проблемот од минатата година –  добива поплаки од средношколци од повеќе градови во земјава дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавање свидетелства.

Сојузот бил информиран за ова од средношколци, а информациите му биле потврдени и од мрежата на активисти во тие градови.

Сојузот посочува дека средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150-200 денари за свидетелство, додека економското училиште во Тетово бара износ од 150 денари за издавање на свидетелството и на дипломата за крај на средното образование.

Исто така, и скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ им наплаќа на своите ученици 100 денари за свидетелство, наведува Сојузот, а гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп 30 денари од ученик.

– Tоварот за печатењето не смеат да го сносат ниту учениците, ниту професорите во средните училишта. Ова е скандалозно и проблематично. Барањето пари од учениците го загрозува јавниот и бесплатниот карактер на државното образование.

Појавиве се спротивни на ставот 2, член 3 од Законот за средно образование, кој гласи: „Средното образование во јавните средни училишта е бесплатно“.

Во Законот никаде не се спомнуваат вакви такси. Главниот проблем е во тоа што земањето на свидетелствотото не е опционална одлука. Свидетелството е задолжителен документ и е доказ за успешно завршена учебна година.

Учениците се лишени од избор – тие мора да платат доколку сакаат да ја завршат учебната година, соопшти Сојузот на средношколци, кој најави дека за ова ќе го информира со извештај Државниот просветен инспекторат. 

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно на Уставот и законите

Училиштата не смеат да наплаќаат такси за издавање на свидетелствата и тоа им го укажавме со допис уште пред крајот на учебната година, соопшти Министерството за образование и наука (МОН) како одговор на реакцијата од Сојузот на средношколци, дека некои училишта наплаќаат за свидетелствата и дипломите за завршено средно образование.

МОН посочува дека педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5 отсто во случај на грешки и слично.

– Потсетуваме дека согласно Уставот на Република Северна Македонија, како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование, секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование, истакнуваат од МОН и додаваат дека се работи за изолирани случаи во неколку училишта и дека за тие случаи ќе постапи Државниот просветен инспекторат.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час за Први мај ќе зависи од однесувањето на граѓаните во наредните денови

Редакција

И парното ќе поскапи, за колку ќе се знае утре

Редакција

Изборите завршија, корона вирусот пламна: Македонците ќе си умираат по дома?

Редакција