еМагазин
Image default
Македонија

Стагнира бројот на новозаболени, во благ пораст на оздравени од Ковид-19 во Кичево

Од почетокот на декември до денеска бројот на новозаболени од Ковид-19 во Општина Кичево е во стагнација и ретко кога има мал пораст и како резултат на овој сооднос.

Бројот на активни случаи денеска се сведе на само 111 лица, додека во втората половина на ноември бројката се движеше до 500 лица.

Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом и член на Кризниот штаб истакна дека се изненадени од малата бројка на новозаразени од Ковид-19, имајќи предвид, како што рече, дека по цел ден се полни кафаните и локалите со гости.

„Сите сме пријатно изненадени од малата бројка на новозаболени од Ковид-19 во нашата општина, иако се очекуваше бројот на заболени да биде многу поголем.

Оваа појава до толку повеќе изненадува, ако се има во предвид фактот што локалите по цел ден се полни гости, не сите ги почитуваат мерките  иносат маски и одржуваат прописно растојание, но бројките се тие.

Така денеска имаме само три лица новозаболени и осум оздравени. Овој тренд ни се повторува и затоа бројот на активни случаи се сведе на само 111 лица. Не би сакал да верувам, но стравувам дека бројките ќе се зголемат кога ќе дојде кај нас мутираниот вирус од Велика Британија“, потенцира Бајрами.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не постоеја индиции за атентат врз Османи во Молдавија, велат од МНР по информациите во молдавските медиуми

Редакција

Сите од ВМРО-ДПМНЕ кои биле во контакт со Мицкоски ќе одат во самоизолација

Редакција

Боки 13 објасни зошто е пуштен од затвор, неговиот адвокат побара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Редакција