Со доаѓањето на зимата ќе биде уште потешко да се заштитиме и да го намалиме ризикот од инфекција со новиот коронавирус, доколку строго и принципиелно сите не се придржуваме до препорачаните мерки. Поради ниските температури ќе бидеме затворени внатре, ако не се придржуваме на високите стандарди за одржување на хигиената, правилното користење на маската и избегнување собири каде не може да се обезбеди соодветна дистанца, ризикот од пренесување на инфекцијата ќе биде поголем.
Ова го истакнува директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ во интервју за агенцијата Марили.
Таа посочува дека во текот на зимскиот период има многу други горно-респираторни инфекции кои се пренесуваат на ист начин и со слични симптоми како и новиот коронавирус, па ќе биде и потешко да се диференцираат.
Проблем, како што истакна ќе биде и персоналот како здравствен, така и помошен, кој секогаш е во помал број од потребниот и тоа е пречка која мора да се надмине.
МИА/Фото: МИА