еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Битола со раст на добивката за 666,47%

Стопанска банка АД Битола и во првата половина од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати, информираат од Банката преку Македонската берза.

“И покрај големите предизвици наметнати од пандемијата на вирусот Ковид-19, со кои Банката се справува повеќе од една година, фокусот и понатаму останува на остварување на клучните стратешки цели дефинирани во деловната политика, во развојниот и финансискиот план на Банката.

Од аспект на оперативното работење, фокусот беше ставен на наплата на нефункционалните и претходно отпишани побарувања, што заедно со редовните приходи од работењето придонесоа за остварување позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 30.6.2021 година, односно нето-добивка во износ од 401,79 милиони денари, што е значителен пораст на добивката за 666,47%, споредено со истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2021 – 30.6.2021 година изнесуваат 145,71 милиони денари, што претставува 82,43% остварување на планот за вториот квартал од 2021 година.

Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, повеќекратното намалување на основната каматна стапка на НБРСМ и поради останатите мерки што се преземаа во врска со настанатата ситуација со вирусот Ковид-19, приходите од камати се пониски за 4,02% споредено со периодот 1.1.2020 – 30.6.2020 година.

Со цел да се неутрализира ваквиот ефект, фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати, кои забележаа подинамично намалување од 15,23%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 12,12% односно 7,78 милиони денари споредено со претходната година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентиран годишен раст од 12,69 милиони денари споредено со остварените приходи од провизии и надоместоци во периодот 1.1.2020 – 30.6.2020 година, додека расходите пораснаа за 4,91 милиони денари.

Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за вториот квартал од 2021 година за 17,12%.

Нето-приходите од курсни разлики не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 19,88%, што е главно резултат на ослободувањето резервации за потенцијални обврски во тековната година, што не е случај и во претходната година.

Планот за вториот квартал од тековната година во оваа позиција е реализиран со 92,79%.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 349,04 милиони денари, што се должи на поголемиот износ на ослободената исправка на вредност од наплата на претходно отпишано побарување.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е позитивна и изнесува 2,47 милиони денари, што е одраз на доброто управување со преземениот имот и негова продажба во согласност со поставените плански цели.

Трошоците за вработените бележат намалување од 2,93% споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 92,37%.

Останатите расходи од дејноста не бележат позначајни годишни промени во апсолутен износ.

Амортизацијата е зголемена за 13,80% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 80,90%„, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола купила имот во градба во Скопје

Стопанска банка Битола оствари добивка од шест милиони денари во првото тримесечје од 2021 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонијатурист“ со загуба од 22 милиони денари за девет месеци

Редакција

Зголемената инфлација во Македонија резултат на растот на цените на енергенсите и храната на меѓународните финансиски пазари, велат од Народна банка

Редакција

Град Скопје не доби лиценца, БЕГ ќе не грее и оваа сезона

Редакција