еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје лани работела со зголемена добивка

Добивката пред оданочување на Стопанска банка АД Скопје за минатата година изнесува 2.728.833 илјади денари и во однос на претходната година бележи зголемување за 25%, информираат од Банката во годишниот извештај за финансиското работење за минатата година, објавен преку Македонската берза.

“Ваквиот резултат претставува континуитет на повеќегодишното успешно работење на Банката кое се заснова на нејзините здрави деловни фундаменти поткрепени со применетиот успешен бизнис-модел, силната капитална позиција, прудентното управување со ризиците и применетите принципи на добро корпоративно управување.

Финансискиот резултат е остварен во услови на органски раст на активата на Банката, како и преземени активности и мерки за раст на бизнис-активностите во согласност со нејзината деловна политика.

Вкупната актива на Банката на 31.12.2021 г. изнесува 114.102.699 илјади денари и, споредена со крајот на 2020 година, е повисока за 8%.

Во услови на пандемија која продолжува и понатаму, раководството на Банката и сите нејзини вработени се активно вклучени во обезбедување услови за непречено функционирање на целата инфраструктура, како и за поддршка на потребите на сите клиенти, на економијата и општеството во целина.

Главен фокус е ставен на подобрување на дигиталната инфраструктура, која во дадените услови претставува неопходност, а истовремено е и пат кон иднината. Банката продолжува активно да го следи развојот на кризата и да ги презема сите неопходни мерки и активности“, велат од Банката.

Нето-приходите од камати изнесуваат 3.844.041 илјади денари и се зголемени за 3% во однос на истиот период од минатата година, пред сѐ како резултат на кредитните активности и зголемувањето на кредитното портфолио, велат од Банката.

“Трендот на ниски каматни стапки продолжи и во 2021 година, при што влијанието е поизразено кај каматните расходи поради поголемиот износ на депозити во однос на кредити.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 831.490 илјади денари и се зголемени за 13% во однос на анализираниот период во 2020 година, пред сè поради зголемениот обем на активности, од кои најмногу во делот на платните сервиси и картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 8% и изнесуваат 110.078 илјади денари, како резултат на зголемениот волумен на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 31% и изнесуваат 463.220 илјади денари.

Во исто време, Банката успеа да ги одржи оперативните трошоци од работењето на релативно исто ниво, при што трошоците за вработени изнесуваат 890.490 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 798.796 илјади денари.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 772.417 илјади денари, која е намалена за 20% во однос на истиот период од претходната година.

Вкупната актива изнесува 114.102.699 илјади денари и е поголема за 8% во однос на 2020 година.

Паричните средства и парични еквиваленти споредени со крајот на 2020 година се повисоки за 3.491.192 илјади денари, односно за 20%, како резултат на зголемената ликвидност.

Кредитите на и побарувања од други комитенти нето остварија пораст од 10% и изнесуваат 78.037.088 илјади.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 278.118 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2020 година за 24%“, велат од Банката.

Капиталот и резервите изнесуваат 19.792.339 илјади денари, што претставува зголемување за 14% во однос на крајот на 2020 година, велат од Банката.

“Обврските по кредити изнесуваат 1.686.298 илјади денари и се зголемени во однос на крајот на 2020 година за 1.156.758 илјади, пред сѐ поради искористување на поволните услови од расположливите кредитни линии„, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милица Чапаровска – Јовановска реизбрана за член на УО на Стопанска банка Скопје

Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 15%

Стопанска банка Скопје: УНИТ Линк – животно осигурување со инвестициска компонента

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Украина заплени два македонски камиони, возачите ја напуштиле државата пеш

Редакција

Општина Струга вработува, плата до 26.585 денари

Редакција

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, цената на бензините иста

Редакција