еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје: Се остварија стравувањата за Ковид-19, ќе се пролагодуваме кон новата состојба

Стравувањата дека Ковид-19 може да резултира со пролонгирана здравствена криза преку втор, па дури и трет бран, се остварија како на глобално така и на домашно ниво, соопшти Стопанска банка Скопје преку Македонската берза презентирајќи ги очекувањата за престојниот период.

„Во првиот квартал од годината, домашната економија регистрираше скромен раст од 0,2% на годишно ниво. Растот беше исклучиво воден од финалната потрошувачка, додека инвестициите и извозот забележаа пад.

Високофрекфентните податоци за вториот квартал упатуваат на позначителен пад на економската активност. Во однос на ценовните движења, ниската побарувачка допринесува за умерена инфлација, при што позначаен раст е регистриран единствено кај цените на храната.

Кај платниот биланс се уште нема поголеми нерамнотежи, односно дефицитот на тековната сметка е во рамки на проекциите. Поголем дефицит е регистриран во буџетот на државата и со 30.06.2020 тој изнесува 420.6 милиони евра или 3,7% од БДП.

Ова е резултат на зголемените издатоци заради справување со корона кризата, но и намалените приходи поради пониската профитабилност на приватниот сектор.

Јавниот долг за истиот период достигна 6,527.0 милиони евра или 59,5% од БДП. Зголемената задолженост е главно резултат на седмата еврообврзница од 700 милиони евра (6 години рок на отплата и каматна стапка од 3,675%), како и кредитот од ММФ во износ од 176.5 милиони евра – двете со цел обезбедување на ликвидност заради полесно справување со последиците од здравствената криза.

Како и до сега, банката ќе продолжи да ги превзема сите потребни мерки и активности потребни за минимизирање на негативното влијание од кризата и прилагодување кон новонастанатите макроекономски услови“, велат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковид-19 ја скастри добивката на Стопанска банка Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го донесе Буџетот за 2023 година

Редакција

Топ пет професи со највисоки плати

Редакција

Раст од 3,1% на извозот, пад од 10,7% на увозот во првите четири месеци

Редакција