еМагазин
Image default
Локално

Струмичанец од Фејсбук земал фотографии од четири девојки и ги објавил на сајт за возрасни

На 10.02.2021 Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.С. (26) од Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, по член 149 став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

„Г.С. се сомничи дека во февруари 2020, без согласност од четири оштетени женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица, прибавил нивни лични податоци, односно фотографии, кои што оштетените лица ги имале претходно објавено преку нивните профили на социјалната мрежа „Фејсбук“ и ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајтот за возрасни „xHamster“.

Четирите оштетени лица за делото дознале во втората половина на јануари 2021, кога и го пријавиле во Полициска станица Струмица.

На 09.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки, а врз основа на наредби на Основен суд Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претреси на две локации во Струмица, на кои живее и престојува осомничениот, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, сопственост на осомничениот Г.С., кој е приведен во полициска станица, а обезбеден е и друг доказен материјал од интерес на постапката“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Молотов коктел фрлен во продавница во Тетово

Редакција

Кумановец претепан пред ноќен клуб во Скопје

Редакција

Гори приемното одделение во затворот Идризово

Редакција