еМагазин
Image default
Локално

Студентите во студентскиот дом Стив Наумов немаат парно поради дефект на внатрешната инсталација кој е во надлежност на управата на домот

Екипите на БЕГ пред почетокот на грејната сезона навреме извршија проверка на топлинската станица на Студенскиот дом „Стив Наумов“, при што беше констатирано дека истата е технички исправна за преземање на топлинска енергија од централниот систем за греење, информираат од компанијата.

„Во моментов студетскиот дом „Стив Наумов“ нема централно греење поради дефект во внатрешната инсталација, чие одржување согласно важечката регулатива е обврска на управата на домот. Сѐ додека управата не го среди овој проблем во внатрешната инсталација БЕГ не е во можност да испорача топлинска енергија.

Студентскиот дом „Стив Наумов“ е во групата објекти кои не ја подготвија внатрешната инсталација согласно обврските за почеток на грејната сезона, за што навреме ја информиравме јавноста.

Со оглед на фактот дека се работи за Студентски дом каде се сместени голем број студенти, БЕГ како општествено одговорна компанија е секогаш подготвена со своите стручни екипи да даде поддршка на управата на домот за надминување на овој проблем“, се вели во соопштението на БЕГ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Пехчево

Редакција

Кривична пријава за тројца полицајци од Струмица поради „малтретирање во вршење на службата“: Употребиле физичка сила и застрашување

Редакција

(Галерија) Скопски Аеродром блесна во новогодишен сјај

Редакција