еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Крушево полно со гости за новогодишните празници

Преку 4.000 гости и посетители ќе бидат во Крушево за новогодишните празници. Сите капацитети се полни, потврдуваат од Општината.

– Веќе пристигнуваат гостите. Имаме 2.000 до 3.000 гости со ноќевање и барем 2.000, кои еднодневно се најавени и ќе престојуваат во Крушево за новогодишните празници.

Во моментов нема снег во градот, уште нешто е на скијачките терени, но нема да ја намали потребата гостите во добро расположение да ги поминат новогодишните празници, вели Сотир Габелоски од локалната самоуправа.

Денеска  во центарот на градот се одржа Новогодишен базар. Нема организиран пречек на Новата година на плоштадот, но утре на првиот ден од Новата 2022 година угостителите организираат забава на отворено.

За скијачката сезона во Крушево се надеваат дека нов снег ќе ја дополни атмосферата за туристите да поминат безгрижно и да уживаат во убавата природа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охрид солидно посетен за дочекот на Новата 2022 година, најбројни гостите од соседните држави

МИА/Фото: Општина Крушево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец со метална прачка го удрил соседот по глава

Редакција

Нема „корона криза“ за акциите на Комерцијална банка: Промет од 30 милиони евра за осум месеци

Редакција

(Галерија) Трчај бе: Професионалци и рекреативци ја трчаа Битола која се развива во спортска туристичка дестинација

Редакција