еМагазин
Image default
Македонија

Одбраната тврди дека Чавков им ги спасил животите на пратениците на 27 април

Одбраната на обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година вчера во воведните говори пред судот го негираа обвинението против нивните клиенти, тврдејќи дека обвинетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство.

Бранителот на обвинетиот Душко Лазаров адвоктот Звонко Давидовиќ посочи дека обвинетите се товарат за сторен терористички акт со оневозможување на избор на претседател на Собранието. Тоа, како што кажа, не е точно. Џафери е избран за претседател и не бил физички загрозен ниту повреден на 27 април во Собранието, како што не бил ни дотогашниот претседател Трајко Вељаноски, а претседателот на државата и премиерот биле на локација многу подалеку.

„Затоа терористичко загрозување на уставниот поредок и да сакаме не можеме да имаме“, рече Давидовиќ.

Бранителот на Митко Чавков, адвокатот Сашо Дукоски, во воведниот говор рече дека Чавков дал наредба за упад на полициските сили во Собрание и за употреба на шок бомби и е заслужен за формирањето полициски кордон за извлекување на пратениците од Собранието во оклопно возило и транспорт во касарна во Ѓорче Петров. На тој начин, според Дукоски, им ги спасил животите.

„Како може за еден ист настан по време, место и дејствие да има различни дела. За вршење тероризам и загрозување на уставниот поредок треба да има умисла, а тоа го нема“, рече Дукоски.

Нагласи дека врз основа на ливче хартија која нема ни статус на подзаконски акт и е само уредба на Чавков се сака да му се импутира дејствие на умисла бидејќи специјалните сили се вклучуваат по наредба на началник на централни полициски сили или по наредба на директор на БЈБ или директно од министер.

„Зошто другите двајца се амнестирани“, праша Дукоски.

На протестот на „За заедничка Македонија“ Пепиќ бил службено како вработен од Агенцијата за разузнавање и следел едно лице. Тоа лице влегло во Собрание па и тој морал да влезе заедно со него.

Дончо Наков кој е бранител на обвинетите Љубен Арнаудов, Владо Јовановски и Богдан Илиевски – Бетмен и Абдуљифета Алими, рече дека тие немаат вина и се товарат за искажани зборови односно сториле „тероризам со зборови, а не со дела“.

И Еленко Миланов, бранител на Игор Дурловски, Мунир Пепиќ и Љупчо Димовски, кажа дека тие не се винови и оти ќе докаже дека немаат никакво кривично дело.

„Дали присуството на граѓани во Собранието без никаков акт на насилство може да се третира како обид за уривање на уставниот поредок“, праша Миланов.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оставката на Заев се уште е само на „Фејсбук“, се чека да се испрати до Собрание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Момче од Велес се заразило со Ковид-19 на летување во Охрид

Редакција

Ревакцинирани вкупно 139.053 граѓани

Редакција