еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 15 април

Со сведочењето на двајца преставници на „Дрим билдинг”, на 15 април е предвидено да продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз”, додека испитувањето на лицето Силјан Мицевски, ќе се одвива во некое од рочиштата после 15 април.

Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази. На последното рочиште беа сослушени сведоците, Јованка Кухар, Лилјана Тодоровска, Агапи Дика и Јордан Камчев.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Ефремова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчевска.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авторот на проектите за Домовите за стари лица, Лилјана Тодорвска сведочеше на рочиштето за „Меѓународен сојуз”

Судење за „Меѓународен сојуз”: Сведокот Кухар го обвини Бојан Јовановски за измама од 250 илјади евра

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 2.635: Од Ковид-19 починаа 13 лица

Редакција

Беса го победи ДУИ во Тетово, Медат Кутровски е нов градоначалник во Маврово-Ростуше

Редакција

Штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Имавме изборна кампања со низа прекршувања, а генерално мирен изборен ден

Редакција