еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Две девојки на 23 и 24 годишна возраст починаа од Ковид-19, едната од нив без претходни заболувања

Две девојки на 23 и 24 годишна возраст починаа во последните 24 часа по компликации од Ковид-19, пишува порталот Сакам да кажам.

Дваесет и тригодишната девојка имала хронично заболување, а за 24-годишната девојка, од Министерство за здравство информирале дека била позитивна на Ковид-19 и една недела се лекувала во домашни услови со антибиотик, по препорака на матичен лекар.

„Поради проблеми со дишењето, 24-годишната пациентка се јавила во болница и е хоспитализирана во еден од ковид-центрите од Интернистичкиот клинички блок.

Поради влошување на состојбата, пациентката во многу тешка состојба е префрлена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде е продолжено со интензивно лекување.

Пациентката не одговарала позитивно на терапијата и за цело време ѝ се влошувала состојбата“, велат од Министерство за Сакам да кажам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

23-годишен пациент жртва на Ковид-19: Денеска регистрирани 17 починати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имаме доказ дека торбата со пари од кај Камчев завршила кај родителите на Боки 13, вели Рускоска

Редакција

Беќаровски: Замислете преку 20.000 лица да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица

Редакција

Беса и Алијансата на Албанците реагираат на начинот на кој се договара судбината на СЈО

Редакција