еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Шпански скали” продолжи со изведување докази од Обвинителството

Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Шпански скали”.

Се изведуваат документи и известувања од Министерството за транспорт и врски, од Општина Центар и од компанијата „Амадеус девелопмнет” ДООЕЛ – Скопје, а поврзани со одобрението за градба и банкарските гаранции.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Елизабета Јосифовска.

Следното рочиште е закажано за 2 март годинава.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Според обвинителниот акт, со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје државата била оштетена за 2,6 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсени 17 затворски полицајци од Идризово

Редакција

Трагедија во Кавадарци: Од Ковид-19 почина и дедото на двајцата браќа кои претходно починаа на Инфективна

Редакција

Вчера се вакцинирале 14.976 граѓани, интерес за вакцинација досега изразиле 318.793 лица

Редакција