еМагазин
Image default
Македонија

Вчера се вакцинирале 14.976 граѓани, интерес за вакцинација досега изразиле 318.793 лица

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 318.793 граѓани, информираат од Министерство за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 135.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.976 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 160.425 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани.

Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура,“ се вели во соопштението.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов закон за СЈО: Колкави ќе бидат платите на специјалните обвинители?

Редакција

Починаа 13 лица од Ковид-19, вкупната бројка е 1.084

Редакција

Починаа 22 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.169

Редакција