еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Титаник“ продолжи со сослушување на сведоци

Следното рочиште за случајот „Титаник“ е предвидено да продолжи на 20 мај.

Дел од сведоците предложени од Обвинителството при денешното сведочење истакнаа дека немаат никакви сознанија за финансирање на политичките партии и дека никогаш не уплатила средства за партијата.

Судскиот процес за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тортевски саркастичен: Сега треба СЈО што ќе ја истражува Катица Јанева

Редакција

Нашата држава се вика Република Северна Македонија, а не „Република С.Македонија“, вели Заев

Редакција

Од Србија денеска пристигнува втората пратка на вакцините „Фајзер“

Редакција