еМагазин
Image default
Македонија

Во Штип се вакцинираат хронично болните и работници од помали фирми и супер маркети

Во штипскиот регионален пункт од денеска се имунизираат околу 300 лица со хронични болести, на дијализа, трансплатација на црн дроб, бубрег и петмина кои чекаат трансплатација на срце. Списокот е пристигнат од Министерството за здравство.

Дијана Коцева – Миланова, лекар на вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ во Штип вели дека почнале да ги имунизираат и вработените од помалите фирми, како и касиерки и вработени од еден супер маркет.

„Интерес за имунизација има од страна на приватните фирми и од текстилните конфекции и супер маркети. Ги замолуваме стопанствениците барањата да ги доставуваат до стопанските комори, по што Министерството за здравство барањата ни ги препраќа нам и се одредуваат термини за имунизација.

Деновиве заврши вакцинацијата на училиштата во источниот регион, сега ги имунизираме вработените од јавните претпријатија,“ изјави Коцева-Миланова.

Во редот за вакцинација се и граѓаните кои имаат добиено порака преку „Мој Термин“, денеска се имунизираат лицата над 68 години од сите општини од источниот регион, на кој им е пристигната смс порака.

Инаку пунктот денеска и утре ќе работи само во една смена до 13.30 часот. Такви насоки се добиени од страна на Министерството за здравство.

Коцева-Миланова вели дека вакцини има, а вчера се пристигнати 4.000 од кинеската „Синофарм“ и 1.000 од „Фајзер“.

-Ги информираме граѓаните кои се вакцинирани со прва доза на „Фајзер“ ревакцинацијата почнува на 19 мај, но пациентите кои се вакцинирани во Штип треба да се јават на пунктот во штипскиот Здравствен дом, а не во салата „Јордан Мијалков“, појасни Коцева-Миланова.

Се очекува од среда веќе и да се намали возрасната граница за имунизација на населението од штипскиот регион.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три лица починаа од Ковид-19, двајца од Скопје и пациент од Струга

Редакција

Отворени превирања во СДСМ: Каде „зариба“ работата меѓу Куманово и Скопје?

Редакција

Продолжува судењето на обвинетите за убиство на младиот Саздовски

Редакција