еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Отворени превирања во СДСМ: Каде „зариба“ работата меѓу Куманово и Скопје?

Најавата за кривична пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се чини дека беше кулминација на и онака влошените односи меѓу локалната и централната власт, што за граѓаните е неразбирливо, бидејќи станува збор за сопартијци од СДСМ.

Портапролот на СДСМ, Костадин Костадинов вчера соопшти дека оградува од изјавите на Максим Димитриевски и од неговото однесување во последните денови.

„Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на здравствената состојба и во Куманово и секако на територијата на Република Северна Македонија.

Изјавите за тоа дали наликувало на режим или нешто слично, со сигурност нема да ги спречат институциите да постапуваат и дејствуваат согласно законите за што и самиот Максим Димитриевски е свесен дека во нашата држава законите важат еднакво за сите.

Овде би сакал да потенцирам дека од прес-конференцијата којашто се одржуваше во Куманово има и други членови на Владата на Република Северна Македонија коишто се ставени во изолација.

Мислам дека нивната изолација завршува денес, но што е пораката од сето то? Дека мерките, препораките, уредбите донесени од страна на Владата важат и ќе важат за сите подеднакво без разлика кој на која и на каква позиција се наоѓа во општеството“, рече Костадинов.

Димитриевски не остана должен на ваквиот став и вчера преку Фејсбук соопшти дека од 1995 година се води по начелата на неговата партија за демократија, еднаквост, отчетност, одговорност… и дека во тој дух ја извршува функцијата градоначалник на најголемата општина во државата, како и дека ќе продолжи така.

„Длабоко сум разочаран од изјавата на портпаролот на СДСМ и ја сметам за избрзана и несреќна. Покрај политичка носиме и институционално – општествена одговорност кон граѓаните и јавноста кои не избираат по предлог на партиите.

Дебатата ќе ја водиме внатре во партијата.

Сега е време за дејствување против епидемијата и помош на граѓаните. Постапката ќе покаже дека нема основ за кривично дело и дополнително ќе ги потврди сомнежите. Институционалната хајка која се води против мене и членовите на штабот изминатите денови за мене до овoj момент е неразбирлива.

Не сакам ни да помислам дека некој во овие тешки моменти се поигрува со здравјето на моите сограѓани, води политика и креира црни сценарија за елиминација на неистомисленици.

До тогаш останувам посветен на борбата против епидемијата и моите секојдневни обврски за доброто на сите граѓани“, соопшти  Димитриевски.

Тој уште еднаш ја повика директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и министерот за здравство да го достави извештајот на увид на мене, штабот и јавноста бидејќи тоа не е таен документ.

„Сакам да ја информирам јавноста дека штотуку го добив резултатот од вториот контролен тест кој е негативен направен во Институтот за Јавно Здравје, од утре продолжувам посветено со моите работни обврски.

Да живее Социјал Демократски Сојуз на МАКЕДОНИЈА, Куманово, Македонија и сите нејзини граѓани“, напиша Димитриевски.

На ваквите преписки претходеа барањата на Димитриевски и на кризниот штаб во Куманово да се прогласи карантин како во Дебар, на што Владата не одговори позитивно, по што следуваше фијаското со состанокот меѓу владини функционери и членови на кризниот штаб и изолација откако се покажа дека десетина членови на штабот, меѓу кои и градоначалникот се позитивни на корона вирусот.

Неговите повторни тестирања покажаа дека е негативен на корона вирусот, по што од надлежните инспекциски служеби беше констатирано дека Димитриевски ги прекршил правилата за изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Констатирани низа пропусти во Куманово: Казна од 300 до 600 евра за градоначалникот Максим Димитриевски

Кумановскиот градоначалник Димитриевски негативен на корона вирусот на вториот тест, од утре се враќа на работа

Го доведува ли во прашање кумановскиот случај тестирањето за корона вирусот?

Димитриевски: Во ниту еден момент не загрозив ничие здравје, држевме дистанца

Фото: Влада/СДСМ/Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битиќи не гледа потреба од замрзнување на цените

Редакција

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Редакција

Владата го достави до Собранието дополнувањето на „францускиот предлог“

Редакција