еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитриевски: Во ниту еден момент не загрозив ничие здравје, држевме дистанца

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во денешна објава на неговиот Фејсбук профил, вели дека поради големиот број информации кои излегле во јавноста за како што вели, дека тој и членовите на штабот наводно биле неодговорни кон заедницата, пишува дека во ниту еден момент не дозволил да загрози нечие здравје

“Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со моето однесување.

Резултатите од тестовите што по вторпат се прават за целиот Кризен штаб и придружните членови и луѓе ангажирани во ризични подрачја ги чекавме пет дена.

Средбата во Куманово со владини претставници не беше остварена на моја покана, туку на барање на Владата.

Информацијата дека постојано се прават проверки на здравјето на лицата од општинскиот кризен штаб е јавна и ја знаат сите членови на штабот и институциите на Министерството за здравство на локално ниво“, пишува Димитриевски.

Тој додава дека средбата се остварила за дополнително брифирање на Владата и елаборација на фактичката состојба на терен поврзана со епидемијата за која, нагласува укажувале со недели.

“Сите присутни носеа маски, освен во момент кога техничкиот премиер Оливер Спасовски и јас дававме изјави за медиумите, но државме препорачана дистанца“, вели тој.

Димитриевски посочува дека првиот тест направен пред две недели бил негативен, членовите на штабот немале никакви симптоми и дека најмалку очекувале позитивни тестови од членовите на штабот.

“Очигледно големите контакти со луѓе во обид да се разрешат сите проблеми во градот со вирусот КОВИД 19, придонесе пет члена од општинскиот штаб да имаат позитивни тестови и сите тие од различни институции.

Се поставува прашање, ако се следат епидемиолошките алгоритми на комисијата за заразни болести, како досега не бевме оценети како ризични, бидејќи очигледно сме заразени од лице кое веќе имало вирус“, пишува тој.

Тој вели дека Куманово е град со најголем број случаи по број на жители, дека секој, а тој најмногу носи одговорност и поради тоа со недели барал изолација од Владата.

“Истата нека ја утврди фактичката состојба и евентуалните системски недостатоци, пропусти и одговорност„, вели Димитриевски.

Вели и дека не сака оваа ситуација да прерасне во непотребна дебата и нагласува дека сите мора заеднички да ги насочат силите и да се порази епидемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на кумановската болница не е позитивна на коронавирусот, но е во самоизолација

Една корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на коронавирусот

Куманово го надмина Дебар: На 100.000 жители регистрирани 183,6 заболени од коронавирусот

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 290 болни од Ковид-19

Редакција

„Само несигурните во својата сексуална ориентација имаат проблем со сексуални разлики“: Твитер за Парадата на гордоста во Скопје

Редакција

Починаа 13 лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.197

Редакција