еМагазин
Image default
Македонија

Директорката на кумановската болница не е позитивна на коронавирусот, но е во самоизолација

Директорката на кумановската болница, Снежана Захариева е во самоизолација, информираше таа на својот Фејсбук профил.

Нејзиниот резултат од претходно извршено тестирање за Ковид-19 од пред два дена бил негативен.

Захариева пишува дека како дел од општинскиот кризен штаб не била тестирана кога и останатите членови, бидејќи на 10 април добила негативен резултат од претходното тестирање.

“Со оглед на тоа што сум дел од Општинскиот кризен штаб и присуствував на седницата во проширен состав, сакам да соопштам јавно неколку работи што се однесуваат и на мојата здравствена состојба и на моето постапување во новонастанатата ситуација.

Јас не сум тестирана на КОВИД -19 во ист ден со другите членови на штабот, бидејќи два дена пред нивното тестирање, на 10.04.2020 година добив негативен резултат од претходно мое тестирање“, пишува таа.

Пет дена подоцна, пишува директорката, сите вработени во болницата кои биле присутни на работното место испратиле примероци крв во Институтот за имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје.

“Мојот резултат официјално, на меил, го добив вчера, во вечерните часови, како и резултатите за поголемиот дел од вработените. Само двајца имаа покачен титар на ИгМ антитела, меѓу нив не сум јас.

Овие вработени ќе направат и брис за да се потврди присуство на вирусот. Мојот резултат е со низок титар на ИгМ, немам серолошки знаци за присуство на вирусот, а имам покачен титар на антитела од типот ИгГ.

Во извештајот немам препорака за отстранување од работа, но со оглед на тоа што бев во иста просторија во која имаше неколку позитивни членови на штабот, ќе останам дома, во самоизолација. Дали и кога треба да направам тест ќе одредат компетентни лица за оваа проблематика, колегите епидемиолози“, пишува Захариева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се проверува дали има одговорност кај градоначлникот Димитриевски оти не им кажал на премиерот и министрите дека се тестирал

10 члена на општинскиот кризен штаб на Куманово позитивни на коронавирусот

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И градоначалничката на Битола позитивна на Ковид-19

Редакција

Обезбедени се 25 респиратори и уште 30 се резервирани преку УНДП, како и парични средства од Кина и ЕУ

Редакција

Сузбиена криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами и трудова експлоатација, приведени девет лица

Редакција