еМагазин
Image default
Македонија

Обезбедени се 25 респиратори и уште 30 се резервирани преку УНДП, како и парични средства од Кина и ЕУ

Обезбедени се 25 респиратори од страна на УНОПС, преку средствата обезбедени од Норвешка, а дополнително се резервирани уште 30 респираторни машини преку УНДП од добавувач од Кина за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со корона вирусот, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека НР Кина позитивно одговорила и на барањето за донација, со напомена дека количините најверојатно нема да бидат на ниво на побараните 200 респиратори и дека Кина во моментов работи на обезбедување на помошта, бидејќи не сите количини ги има на лагер, туку тековно ги произведува.

Воедно Османи истакна дека Амбасадата на НР Кина дополнително ќе донира 30.000 евра, што претставува целиот годишен фонд со кој располага Амбасадорот, за борба против Ковид-19.

На прес-конференцијата Османи информираше и за тоа дека Европската комисија, преку еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, позитивно одговорил на писмото кое во име на Владата е испратено од негова страна минатата недела, во кое Комесарот информира за неколку одлуки со кои Европската Унија ќе ја поддржи земјава во справување со предизвиците од епидемијата Ковид-19.

„Прво се четири милиони евра кои се средства за итни потреби, кои дел кои ќе се употребат за набавката на 30 респиратори преку УНДП; како второ Комесарот информира дека е прифатена инцијативата и веќе е даден налог да се ослободат 50 милиони евра кои беа предвидени како награда за успешност, за справување со социо-економските предизвици до епидемијата, а обезбедени се девет милиони евра за проекти од програмата за поддршка на мали и средни претпријатија, како и три милиони за поддршка на буџетот.

Со сето ова засега, Европската Унија во погон става средства во износ меѓу 65 и 70 милиони евра, кои ѝ стојат на земјава на располагање“, истакна Османи.

Во оваа насока тој додаде дека Вархеји потврдил дека ЕК ги разгледува можностите за вклучување на земјава во пошироките механизми на Европската Унија во справување со Ковид-19.

Во писмото е наведено дека се разгледува можноста за вклучување на земјава во Европскиот солидарен фонд, вклучување во групните набавки на Унијата, но и дека се разговара со меѓународните финансиски институции за адресирање на ликвидноста и финансиските предизвици на приватниот сектор, нешто што исто така беше побарано од наша страна во писмото минатата недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште 1 лице поврзано со Клиника за кожни болести заразено со коронавирусот

Пациентот од Тетово заболен од корона вирусот се лекувал во Заводот за рехабилитација во Козле

Вкупно 201 заболени пациенти од корона вирусот: Регистрирани 24 нови случаи, од кои 15 во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меџити без коментар за пресудата за модуларната болница

Редакција

Национален рекорд: На 100 илјади жители 247,4 заболени од коронавирусот во Куманово

Редакција

Поднесено обвинение против „Ел Чека“ за „бомбите„ за ДУИ

Редакција