еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Куманово го надмина Дебар: На 100.000 жители регистрирани 183,6 заболени од коронавирусот

Анализата на податоците за заболените од корона вирусот во Македонија која на дневна основа ја прави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а еМагазин секојдневно ја пренесува, заклучно 14. април, повторно покажа нов раст на кумулативната инциденца во Куманово.

Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители и е една од причините зошто централната власт досега не дозволи затворање на Куманово, по примерот на Дебар, иако локалната власт постојано го бара истото.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 183,6 заболени на 100.000 жители, во Дебар инциденцата на 100.000 жители останува на 176,5, додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Прилеп, Струга, Велес, Штип, Кочани и Скопје“, стои во анализата на ИЈЗ.

За прв пат кумулативната инциденца во Куманово е повисока од таа во Дебар.

До 13. април таа во Куманово беше 165,4, до 12. април, 147,9, до 11. април, 140, 2, до 10. април, 127,6, до 9. април, 117,7, до 8. април,100,2, до 7. април, 91,1, до 4 и 3. април, според податоците на ИЈЗ, беше 65,2.

Како изгледа состојбата по другите градови погледнете на мапата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Во 21 град во Македонија заразени со коронавирусот

Драстичен раст: 143 здравствени работници заразени со коронавирусот

Повеќето машки, 22 лица се со хронична и здравствена состојба, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Фото: Општина Куманово/Мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството поведе постапка кон напаѓачот на екипата на ТВ Алсат

Редакција

Македонците без виза на даночниот офшор рај на Карибите – Свети Кристофер и Невис

Редакција

Зошто говорите на ЕУ се толку досадни

Редакција