еМагазин
Image default
Македонија

Судијата Киро Здравев е новиот претседател на Судскиот совет

Судијата Киро Здравев е избран за нов претседател на Судскиот совет.  За Здравев на денешната седница на Советот едногласно гласаа сите 12 членови.

За негов заменик е избран Селим Адеми, кој доби 11 гласови „за“, а едно ливче беше неважечко.

Судијата Здравев е член на Судскиот совет од декември минатата година, а функцијата претседател на Советот ќе ја врши во наредните две години.

На досегашниот претседател на Судскиот совет, Зоран Караџовски мандатот му истекува утре.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека се прифатени дел од нивните забелешки за СЈО

Редакција

Четири деца во Македонија се заболени со коронавирусот

Редакција

Како и зошто од коронавирусот почина фризерот од Кочани кој имаше 40 години

Редакција