еМагазин
Image default
Македонија

Сведок на судењето за „Плацеви на Водно: Лично Коце Трајановски ме однесе во „жолтата зграда“ и донирав 300.000 денари

На денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно”, сведочеа двајца сведоци на Обвинителството, кои посочија дека биле донатори за партијата ВМРО-ДПМНЕ во минатото, пренесува „Фокус“.

Едниот од нив е Драги Огњановски, кој истакна дека во 2006 година, донирал пари за ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред изборите, донирав 300.000 денари. Тогаш ми се јави Коце Трајановски, бидејќи сме градежна фирма, работиме и за општини и за приватни лица. Општината ми должеше пари, па Трајановски ми се јави и ми побара да уплатам донација во партијата. За сметка на тоа ми рече дека кога ќе дојдат на власт нема да имаме проблеми и ќе помагаат што може да помагаат, рече сведокот.

Тој истакна дека во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ го однел лично Трајановски.

-Парите во кеш ги предадов во старата жолта зграда, ме однесе Коце Трајановски. Ги предадов парите на Гордана Јанкулоска и таа ми даде каса прими, појасни сведокот.

Тој додаде дека во тоа време Трајановски бил градоначалник на Општина Гази Баба, а неговата фирма добивала тендери.

-Не очекував противуслуга, доволно беше да не ме закачаат, не мене, фирмата, рече сведокот, кој додаде дека општината тогаш му должела средства.

На денешното рочиште сведочеше и Суза Николовска.

– Јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ од 1999 година, а сум била советник од 2009 до 2013 година, во Општина Гази Баба. Сум донирала во неколку наврати, сум донирала и 200.000 денари, како и 60.000 денари, од заштедата што сме ја имале со сопругот.

Донациите сум ги давала во 2010 година, додека бев советник, во тој период, во друг период не. На благајна, во локалната власт каде што бев советник, со каса прими, рече сведокот.

Таа појасни дека не знае за што се користеле средствата, таа само донирала. Додаде и дека Никола Груевски не го познава, само од телевизија.

Тезата на Обвинителство пак е дека тие пари, кои влегувале како кеш во партијата, завршувале кај екс премиерот Груевски.

Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра.

Од октомври 2012 до септември 2013 година, парите ги потрошил со купување градежно земјиште на Водно, поточно на зафатот веднаш над Панорама, односно во местото викано Шербетница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, бидејќи е непотребен трошок

Редакција

Македонското МНР реагира на соопштението на руското МНР

Редакција

Мајка му на портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадинов ќе се повлече од работното место

Редакција