еМагазин
Image default
Македонија

Македонското МНР реагира на соопштението на руското МНР

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла наводите и квалификациите изнесени во коментарот на Департманот за информирање на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација од 22 октомври 2018 година, во врска со изгласување на предлогот за пристапување кон измени на Уставот во Собранието на Република Македонија.

– Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги смета наводите во коментарот како целосно неосновани и невистинити, изнесени со јасна тенденција да се компромитира политичкиот процес од историско значење за Република Македонија и за сите нејзини граѓани.

Пратениците во Собранието на Република Македонија, со целосно почитување на сите демократски принципи и предвидената парламентарна процедура, донесоа одлука која ги рефлектира децениските заложби на Република Македонија за членство во НАТО и во Европската унија, како стратешки приоритети за кои постои најширок можен општествен консензус, а што добро им е познато и на нашите руски пријатели, стои во денешното соопштение од МНР.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, стои во соопштението, потенцира дека, останувајќи посветена на евро-атлантската интеграција, Република Македонија и во иднина ќе се залага за развивање и унапредување на односите и со Руската Федерација, врз основа на традицоналното пријателство на нашите народи, како и меѓусебното почитување и уважување на правото на самостоен и слободен избор на сопствената иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руско МНР: САД организираа нефер гласање во македонскиот Парламент

Коѕијас: Русија не сака да постои држава што се вика ПЈРМ и да се интегрира во НАТО

За Русија остануваме Република Македонија: Не го менуваме ставот од пред 26 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски прифаќа лидерска средба, но бара да се разговара и што по неуспехот на уставните измени

Редакција

Дали Заев има сознанија од истрагата или нервозата „зборува“ дека „Рекет“ води до Мицкоски

Редакција

Кривична пријава против прилепчанец за предизвикување пожар во селото Дабница

Редакција