еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Руско МНР: САД организираа нефер гласање во македонскиот Парламент

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД организирале „нефер гласање“ во македонскиот Парламент, со кое беше одобрена промената на името на земјата.

Русија смета дека парламентарното гласање било наместено и во реакцијата по гласањето во македонското Собрание за стартот за промена на македонскиот Устав, потенцира дека осум гласа биле обезбедени „преку уценување, заканување и подмитување опозициски пратеници“.

„Тројца од нив, по чиста случајност – тој ден беа ослободени од притвор, на двајца што беа уапсени им беше ветена слобода, а на останатите во замена за ‘правилниот глас’ им беа дадени корумпирачки финансиски предлози. Парламентарците беа затворени во канцелариите, мобилните телефони им беа запленети, очигледно во духот на европската демократска практика. Вреди да се забележи дека американскиот амбасадор беше во парламентот до крајот на седницата, што не остава сомнеж во тоа кој го водел овој процес“, велат од руското МНР.

Она што се случи за нас е отворено прекршување на сите норми, и од правна и од морална гледна точка, велат од таму.

“Ваквите валкани манипулации не може да се сметаат за израз на волјата на пратениците. Решението на спорот меѓу Атина и Скопје треба да биде на законски основи со широка поддршка од народот, а не да внесува раздор во општеството“, велат од руското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Русија остануваме Република Македонија: Не го менуваме ставот од пред 26 години

Русија: Западот на најгруб начин се меша во внатрешните работи на Македонија и со сила сака да ја внесе во НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката Русковска не открива многу детали, но вели дека се собрани дел од доказите за бегството на Груевски

Редакција

Кој е јавниот интерес од објавување на фотографија од Јанева во куќен притвор?

Редакција

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 587

Редакција