еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 587

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 587 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 16 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 5 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле  бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 236 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид- 9 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 38 болен,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 163 случаи на Ковид-19, во Скопје 70

Редакција

Шпанскиот амбасадор ја предаде во Стејт департментот ратификацијата за членство на Македонија во НАТО

Редакција

Започна судењето: Жан Митрев не се чувствува виновен за „измама“, Обвинителството тврди дека ќе ја докаже вината

Редакција