еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 920 пациенти болни и сомнителни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 71 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 95, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 24 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 113 пациенти, во Кочани 43 во Кичево 35, Кавадарци 52, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.507 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугаринот кој нудеше 200 евра за идентитетот на македонски полицаец го избриша постот

Редакција

Македонија исчезнува: Намален бројот на живородени деца, зголемен бројот на умрени лица

Редакција

Иселениците ќе можат побрзо да добиваат извод од матично

Редакција