еМагазин
Image default
Локално

Сведоштво на граѓани: Автобусите со број 9, оставаат деца да мрзнат и не застануваат поради преполнетост

Граѓани алармираат да се пуштат повеќе автобуси со бр. 9 на релација Топанско Поле- Државна болница поради преоптовареноста на автобусите и големиот број на патници.

Дел од нив реагираат дека возачите оставаат деца да мрзнат на минусни температури, бидејќи не застануваат поради преполнетост.

Рекацијата на Сунчица Стојаноска Ви ја пренесуваме во целост:

„Две недели како граѓанин алармирам да пуштат повеќе автобуси со бр. 9 на релацијата Топанско Поле – Државна болница. Две недели, веројатно и подолго, сабајле кога деца одат во школо е ненормална гужва на станиците на 9-ка. Автобусите се преполни, не ни застануваат, а да застанат – џабе. Оставаат мали деца од градинка да чекаат и по 45 минути во зима, на -5, оставаат стари луѓе тргнати во болница, не оставаат сите да смрзнуваме и да се нервираме.

Па како граѓанин кој очекува културна јавна услуга, почнав да им вртам по ред: Чушков вика, ЈСП имале само 2-3 линии, останатите приватниците ги возеле.

Одговорниот во Сектор за сообраќај на Град Скопје (пробаа со финта дека е тајна како им се вика, раководителот), па се јави откога урлав дека тоа е јавен податок, вика: доставете до Архива, до Инспекторат, ќе направиме анализа…

Ленин од приватниците вика, анализа имаат, 8 месеци бараме уште линии тука, оваа и 23-ка се најоптоварени релации, не не слушаат…

Е сега вака. Нема да ме шетате ни по архиви ни по инспекторати. Нема да ви доставувам дописи оти секој ден ви пријавуваат и возачи и патници. Нема да ве чекам да помине зимата додека правите анализи.

Од понеделник ќе вадиме деца со транспаренти на постојка и ќе ви снимам видеа да видите кој хорор го правите. Им требаат месеци да пуштат 2 автобуси плус, загадување ќе решавале… Неспособни сте, или не ви е гајле? Петре Шилегов, се надевам ќе стигне до тебе. Уствари стигнало сигурно, ама може ај па ќе мрднете побрзо, а?

Ова е фраеров кој сабајле не отвори врата на деца. Се гледаме следна недела со видеа“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двe момчиња од Бангладеш повредени во превртеното возило со мигранти

Редакција

Жител на Зајас тепал полицаец

Редакција

(Фото) Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајка кај Росоман 

Редакција