еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Преку хуманитарни зони на паркинзите во Штип ќе се собираат пари за ранливи категории и итни случаи

Со паркирање во хуманитарна зона на некои од паркинзите на ЈП „Стипион“ во Штип, граѓаните од вчера може да донираат дел од средствата во Солидарниот фонд, кои потоа ќе се користи за помош на ранливи категории и итни случаи.

Хуманитарната зона, како што информираат од ЈП „Стипион“ Штип ќе биде застапена со вкупно 131 позиција, на неколку локации во градот.

Директор на ЈП „Стипион“’ Штип, Панче Стефановски, на стартот на акцијата „Поплочи го патот до солидарноста – паркирај и донирај!“ појасни дека секоја локација од хуманитарната зона ќе биде соодветно означена со информативна табла, а новина ќе биде можноста за наплата преку банкарска сметка со скенирање на QR code позициониран на таблата.

– Со цел да покажеме како многу пати до сега, дека Штип е град на солидарноста, град на хуманоста и да ја подигнеме свеста на граѓаните за користење на овие паркинг позиции, како и да ја актуелизираме потребата од солидарниот фонд, овие средства ќе се користат за помош на наши сограѓани од ранливите категории, како и за итни случаи на кои им е потребна ургентна финансиска помош, изјави Стефановски.

Паркингот на овие позиции ќе чини 30 денари за првиот и за секој следен час, а месечните и годишните билети за паркирање нема да важат.

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Табела) Најмногу заразени со Ковид-19 во Скопје, Куманово, Дебар, Штип и Прилеп

Редакција

(ВИДЕО) Се јави Реџепи од Беса: Добро сум, се ќе раскажам кога ќе поминат заканите

Редакција

Албанска полиција: Груевски влегол пеш во Албанија, несомнено нелегално

Редакција