еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) По убиството на тинејџер од полицаец, Франција „гори“ петта ноќ по ред

Петтата ноќ на нереди поради полициската бруталност во француските градови доведе до апсење на најмалку 427 лица синоќа, јави ДПА.

Париз, Марсеј и Лион беа меѓу најпогодените градови, со нереди, грабежи и оштетувања на имот.

Сепак, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин информира дека ноќта била помирна поради „решителната акција“ на полицијата.

Премиерката Елизабет Борн посочи дека 45 илјади полицајци, жандарми и пожарникари биле распоредени низ Франција.

-Соочени со насилство, тие покажуваат примерна храброст, напиша таа на Твитер.

Во петокот беа уапсени 1.311, а повредени 79 полицајци, соопшти француското МВР.

Немирите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ цела Франција, а исто така беа пријавени и на француски прекуморски територии, вклучително и Француска Гвајана во Јужна Америка и карипскиот остров Мартиник.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја откажа својата државна посета на Германија планирана за следната недела со оглед на политичките нереди.

МИА/Видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заменик-министерот за образование Атанасов си поднесе оставка поради немањето реформи во образованието

Редакција

Истрагата за дојавите за бомби дава интересни првични податоци, вели Ковачевски

Редакција

Европската комисија со засилен ангажман да помогне за деблокирање на евроинтеграцијата на Македонија, побарал Ковачевски од Фон дер Лајен

Редакција