еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Свети Николе: 43-годишник се самоубил, откако претходно се обидел да убие 32-годишна жена поради невозвратена љубов

Четириесет и три годишниот Т. А. од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако претходно се обидел да ја убие 32-годишната О.Б.

-Четириесет и три годишниот Т. А. од Свети Николе во 7.50 часот пред Пензионерскиот дом во Свети Николе со пиштол пукал кон 32 годишната О.Б. од Свети Николе. При што таа се здобила со повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, а потоа Т.А. пукал во себе, по што починал.

Извршен е увид од јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случај, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О.Б. е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девојка со посебни потреби “продавана“ од мајка и сестра и за секс

Редакција

Нови 450 случаи на Ковид-19 од 2.874 тестирања

Редакција

Сите села во чија близина беснеат пожари се обезбедени

Редакција