Блискиот исток е на работ на бездна како резултат на војната меѓу Израел и Хамас, изјави за Би-Би-Си високиот комесар при Обединетите Нации (ОН) за бегалци на Блискиот Исток Филип Лазарини.
– Светот ја губи својата човечност, оцени Лазарини, предупредувајќи дека насилството може да се прелее во регионот.
Лазарини предупреди на страшната ситуација за цивилите во Газа, повторно повикувајќи на коридори за хуманитарна помош. Говорејќи во Ерусалим, Лазарини го осуди нападот на Хамас врз Израел, нарекувајќи го ужасен и варварски масакр што создаде национална траума, колективна траума во Израел.
Но, овој настан не го оправдува водењето војна без никакви ограничувања, рече тој.
– И не верувам дека убиството на повеќе цивили е во интерес на идната безбедност и мир овде во регионот, потенцираше високиот комесар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко видео) Израел во Газа уби најмалку 1.524 деца, а рани речиси 4.000
МИА/Фото: Унсплеш