еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО ја одобри кинеската вакцина „Синофарм“, која се користи и во Македонија

Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри за итна употреба вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител на лекови „Синофарм“.

Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирусот одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.

Исто така, СЗО за првпат одобри за итна употреба на кинеска вакцина против заразна болест.

Фактот дека вакцината на „Синофарм“ е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.

СЗО досега одобри итна употреба на вакцините против Ковид-19 кои ги развија „Фајзер/Бионтек“, „Астра Зенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фирма од Швајцарија ја купува македонската фирма “Гринтех мк“

Редакција

Со алерголошките тестови до сигурен одговор: На што е алергично вашето дете?

Редакција

Договорот за парно кој треба да го потпишете со ЕСМ снабдување, поставен на интернет страната на компанијата

Редакција