еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО ја стави новата варијанта на Ковид-19 под надзор

Светската здравствена организација (СЗО) и СAД ја следат новата варијанта на коронавирусот САРС-КоВ-2. Моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации.

СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен.

Досега новата верзија е пронајдена во Израел, Данска и САД.

-Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа, велат од организацијата, предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење и информирање за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата со Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 23 случаи на Ковид-19

Кои се симптомите на новиот сој на Ковид-19, “Ерис“

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 131 случаи на Ковид-19, најмногу од Скопје, Куманово и Гостивар

Редакција

(Видео) Jапонскиот оперски првенец Котецу ја освои Битола, еве како звучат „Едно име имаме“ и „Македонско девојче„ во негова изведба

Редакција

Нема договор меѓу ЕУ и „AстраЗенека“ за одложената испорака на вакцини против Ковид-19

Редакција